Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ги посети фабриките „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, каде што се сретна со менаџерскиот тим на двете компании. На средбите се дискутирало за досегашните искуства за стартување на компаниите, за соработката со министерството и Владата, вработувањата во компаниите, обемот на производство за 2012 година, како и идните планови и проекции за развој во 2013 година. Овие две компании се уште еден доказ за потребата од промена на структурата на македонскиот извоз, a ние како Влада, со мерките за поттикнување на инвестициите, вложуваме максимални напори за решавање на хроничниот проблем со трговскиот дефицит на Македонија, бидејќи земјава секоја година повеќе увезува од странство, отколку што извезува македонски производи.
Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ги посети фабриките „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, каде што се сретна со менаџерскиот тим на двете компании.
На средбите се дискутирало за досегашните искуства за стартување на компаниите, за соработката со министерството и Владата, вработувањата во компаниите, обемот на производство за 2012 година, како и идните планови и проекции за развој во 2013 година.
„Овие две компании се уште еден доказ за потребата од промена на структурата на македонскиот извоз, a ние како Влада, со мерките за поттикнување на инвестициите, вложуваме максимални напори за решавање на хроничниот проблем со трговскиот дефицит на Македонија, бидејќи земјава секоја година повеќе увезува од странство, отколку што извезува македонски производи”, рече Сараќини.
Тој потенцираше дека само „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ учествувале со над 20 отсто од вкупниот извоз лани и за своите производи пласирани главно на европскиот пазар, наплатиле околу 800 милиони долари, со што ја изменија структурата на македонскиот извоз.
„Тргнувајќи од фактот што македонската индустрија е конципирана повеќе да одговара на потребите на Европската Унија наместо да извезуваме најмногу примарна суровина или полуфабрикати, а помалку готови производи, треба да се насочиме повеќе на извоз на готови производи, со поголема додадена вредност, како еден од начините да се намали трговскиот дефицит“, оцени Сараќини.
Во услови на криза во последниве две години „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ успеаа да го задржат темпото на извоз и да најдат и нов пазар - Велика Британија.
Како што соопшти министерството за економија, на средбата било укажано дека оваа и следната година планирано е зголемување на извозот за 50 отсто.
Со тоа, според зборовите на Сараќини, дури 50 отсто од вкупниот извоз на земјава ќе се реализира од компаниите кои оперираат во ТИРЗ.
Министерот за економија апелираше и до младите да ги следат конкурсите на компаниите кои оперираат во ТИРЗ и да аплицираат за работа, а Владата, како што рече, ќе им овозможи техничка помош и можности за професионален развој.
Имено, во „Џонсон Контролс“ просечната возраст на вработените е 33 години, а како што објасниле од компанијата, на нивниот последен оглас за вработување аплицирале многу млади луѓе.
„Пред две недели беше најавен влезот на три нови компании од Турција кои ќе почнат да градат фабрики во Бунарџик, а минатата недела беше објавено дека турска компанија ќе гради фабрика во ТИРЗ Тетово. Има уште две компании кои се при крај на донесувањето одлука за инвестирање во ТИРЗ, така што зоните веќе почнуваат да даваат резултати“, рече Сараќини.